Три намирници кои не тераат да се здебелиме, разболиме и побрзо да старееме

Од исхраната зависи нашето здравје, бидејќи конзумирањето на храна богата со калории, натриум и додаден шеќер, со ниски здрави хранливи материи, како што се есенцијалните витамини и минерали е најлошото нешто што можеме сами да си го направите.

Затоа нутриционистите препорачуваат од менито и редовната исхрана целосно да се исфрлат следните три намирници:


Газирани пијалоци

Газираните пијалоци многу лесно се конзумираат во големи количини, што може да придонесе за висок внес на калории и шеќер. Ова може да доведе до зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми.

Замрзнати теста, особено пица

Исто така треба да се избегнува пржена храна и колачи, особено замрзната пица, бидејќи повеќето замрзнати пици се богати со калории, натриум, шеќер и заситени масти и малку други корисни хранливи материи.

Месни производи

Сланината, колбасите и сувомесните производи не само што се калорични, туку се и богати со заситени масти и некои нитрати, кои можат да придонесат за разни болести.

Важно е да се одржува разновидна и здрава исхрана, а не само да се избегнуваат одредени видови храна

Постои урамнотежена и неурамнотежена исхрана. Храната сама по себе не го здебелува човекот или, пак, му наштетува на здравјето, затоа што сепак, најважно е како таа индивидуално се вклопува во неговата целокупна исхрана. Затоа поради различните фактори кои влијаат врз секојдневната исхрана треба да изнаоѓаме добри начини за консумирање на здрава храна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни