Три моќни еликсири за регулирање на шеќерот во крвта

Предјабетесот е состојба во која нивото на гликоза во крвта е покаченa, но не е доволно високa за да се дијагностицира дијабетес. Ова е важен сигнал за вашето здравје и добро време да се консултирате со лекар за да разговарате за начините како да го намалите шеќерот во крвта и да спречите развој на понатамошни компликации.

Во овој процес, природните еликсири можат да бидат корисни како дополнителна поддршка за вашето здравје.

Забелешка: Пред да користите било која билка за терапевтски цели, задолжително консултирајте се со вашиот избран лекар.

Целер и лимон

Неопходно е:

300 гр корен од целер

6 мали лимони

Подготовка

Целерот исчистете го и изрендајте го, па ставете го во помал сад. Исцедете го сокот од лимон и прелијте го со целерот. Покријте го садот и ставете го во поголем сад со вода, внимавајќи да не влезе вода внатре (попарува). Гответе на тивок оган околу час и половина до два часа.

Откако смесата ќе се олади, ако е потребно, процедете ја, ставете ја во тегла, цврсто затворете ја и ставете ја во фрижидер. Секое утро се зема по една лажица половина час пред појадок. Количината е доволна за два месеци.

Магдонос и јогурт

Неопходно е:

лажица рендан корен од магдонос (по желба можете да користите и листови)

чаша кисело млеко или јогурт

Подготовка

Измешајте една лажица рендан магдонос со чаша кисело млеко или јогурт. Земете секоја вечер пред спиење.

Магдоносот во комбинација со јогурт може благотворно да влијае на нивото на шеќер во крвта 

Рен и јаболков оцет

Неопходно е:

2-3 корени од рен

голема чаша јаболков оцет

Подготовка

Земете два до три мали корени од рен и измијте ги темелно под млаз вода, без да ја излупите кожата. Ренот ставете го во стаклена тегла и прелијте го со една голема чаша јаболков оцет.

Оставете го да отстои 15 до 20 минути. Откако ќе отстои, сомелете го или изрендајте го ренот, па вратете го во теглата со оцетот. Добро затворете и оставете на темно место 10 дена.

Земете една кафена лажичка три пати на ден во првите два дена, а потоа по една кафена лажичка три пати на ден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни