Три лоши навики кои ги имаат луѓето со висока интелигенција

Околу себе оставате само неред и многу пцуете? Веројатно цел живот ве осудуваат поради овие лоши навики, но истражувањата покажуваат дека нив ги поседуваат само интелигентни личности.
Работната маса на Ајнштајн | Sam Levin/Flickr

Додека неуредноста, будењето подоцна и пцовките се карактеристики кои често се препишуваат на мрзливост и грубост, спроед психолозите, овие навики се показател на остар ум и висока интелигенција, пишува Curious Mind Magazine.

Неуредност: Постои идеја дека да се биде неуреден значи да се биде неорганизиран и затоа помалку продуктивен. Сепак, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето кои имаат неуредни соби се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција. И навистина, кога вашиот ум е зафатен со толку големи работи, грижата за уредноста е на дното на вашата листа. Освен тоа, неуредната соба значи дека сте многу креативна личност.

Будење доцна: Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано за работа, тоа значи дека веројатно сте секогаш уморни и затоа ве доживуваат како мрзливи без разлика колку работите во смената. Станува збор за фактот дека вашиот деноноќен ритам работи поинаку за вас отколку за другите. А она што е интересно е дека научниците пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивното ниво на интелигенција. Студијата објавена во списанието Psychology Today покажа дека луѓето кои остануваат будни до доцна и се будат доцна наутро имаат повисок коефициент на интелигенција.

Пцуење: Пцуењето отсекогаш имало лоша репутација. Луѓето кои пцујат често се доживуваат како вулгарни и груби. Меѓутоа, студијата спроведена на колеџот Марист во Њујорк го покажа спротивното – луѓето кои често пцујат се поинтелигентни, имаат поголем речник и подобри реторички вештини. Покрај тоа, тие се поискрени бидејќи пцуењето е поврзано со искрени емоции. Ова значи дека луѓето кои пцујат имаат поголема веројатност да ги покажат своите вистински бои и да ги изразат своите вистински чувства.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни