Албанските власти соопштија дека полицијата во Тирана уапсила три лица во врска со убиството на судијата Астрит Калаја, сериозен инцидент што се случи во судницата на Апелацискиот суд.
Преку соопштение за медиумите, полицијата објави дека обезбедувањето во судницата не презело никакви мерки за физички претрес на чичкото и внукот Ѓон и Елвис Шкамби, иако уредот за скенирање (детектор), во моментот кога влегле во судницата сигнализирал присуство на метал.
Покрај Елвис Шкемби, кој пукаше во судницата и неговиот чичко Ѓон Шкамби, како соучесник, уапсен е и Бануш Коџај, вработен во обезбедувањето во судот кој не само што не ги контролирал туку не ги евидентирал во соодветната книга, каде што мора да бидат евидентирани сите лица што влегуваат и излегуваат од просториите на судот, стои во соопштението.
Во судница на Апелацискиот суд во Тирана, со огнено оружје, беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој беше застрелан со три куршуми вчера во 15:30 часот, во моментот кога почна да ја чита одлуката. Беше транспортиран во клиниката за трауматологија во Тирана, но кусо потоа подлегна на здобиените повреди. Во инцидентот беа повредени и две други лица, кои се вон животна опасност.
Случајот се однесувал на сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар каде што живееле 31 семејство, но која според нивните изјави иако имале документ за сопственост на становите, Шламби со фалсификувани документи, објектот и површината околу, ги приватизирал.