Три лица и едно дете загинаа откако брод се преврте во делтата на Дунав во Романија

Романската поморска администрација соопшти дека тоа се случило во неповолни временски услови, со силни ветрови и бранови високи до два метра

Едно дете е меѓу четирите лица кои се удавија кога брод се преврте во бура во делтата на Дунав во Романија, соопштија денес поморските власти.

Бродот превезувал 14 лица кога инцидентот се случил во понеделник на огранокот Сулина на Дунав, во округот Тулча, во близина на Црното Море.

Романската поморска администрација соопшти дека тоа се случило во неповолни временски услови, со силни ветрови и бранови високи до два метра.

Десет преживеани се однесени во болница, а имињата и националностите на повредените не се објавени.

Делтата на Дунав е фреквентна за бродови како туристички, така и стопански, а лошите временски услови кои често се сменуваат, понекогаш знаат да оштетат некој брод или чамец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни