Изложбата „Откривања: Дела од шпанската колекција на МСУ – Скопје“ ќе биде поставена до недела – 3 ноември.
Самостојните претставувања на младите уметници Серхат Емрулаи со инсталацијата „Се селиме на нова локација“ и Наџа Крачуновиќ со изложбата „Во име на мајка, во презиме на татко“, и двајцата победници на минатогодишното Биенале на млади уметници ќе биде фел од музејската поставка исто така до недела – 3 ноември.
Изложбата на светски познатите уметници Дан Пержовски („Обновени вести“) и Лиа Пержовски („Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето“)) ќе биде отворена за посетители до 17 ноември.
Работни часови на МСУ – Скопје, од вторник до сабота од 10 – 17 часот и во недела од 10 – 13 часот