Три хороскопски знаци од денес ќе бидат следени од голема среќа
Од денеска, 18 јануари три хороскопски знаци ќе почувствуваат наплив на среќа и олеснување што им недостасуваше долго време. Коњукција на Меркур и Марс носи брзи мисли и поотворени, директни разговори, така што она што го мислиме и чувствуваме повеќе нема да остане неизговорено. Разговорите ќе течат полесно во недела, а намерите ќе бидат појасни.
Влегувањето на Месечината во Водолија дополнително носи доза на независност во размислувањето и ни помага полесно да смислиме оригинални идеи, пишуваат астролозите на порталот YourTango.
За овие три знаци, неделата носи повторно будење на радоста, преку искреноста и храброста да се изразат без страв од последици. Слободата да се каже она што навистина му е на ум ќе биде клучен извор на задоволство.
Лав
На 18 јануари среќата им се враќа на Лавовите, кога ќе одлучат да престанат да чекаат туѓо признание. Наместо некој друг да ја потврди нивната вредност, тие ќе сфатат дека е доволно да бидат свои. Коњункцијата на Меркур и Марс охрабрува разговори што им ја враќаат самодовербата и ги потсетуваат на сопствената сила.
Нивната радост доаѓа од самопочитувањето, а Месечината во Водолија дополнително ги охрабрува да се оддалечат од потребата за надворешно одобрување. Кога повторно ќе се потпрат на сопствените инстинкти, ќе сфатат дека тука лежи нивната среќа.
Девица
Од 18 јануари, Девиците ќе се чувствуваат олеснето бидејќи ќе престанат да ги вртат истите мисли во круг и конечно ќе преминат на конкретни потези. Коњункцијата на Меркур и Марс ги охрабрува да анализираат помалку, а да дејствуваат повеќе.
Неделата носи позитивен пресврт поврзан со работата или работните обврски, што значително ќе им го подобри расположението. Со Месечината во Водолија, тие постепено ќе се опуштат и ќе го прифатат фактот дека не мора да бидат под контрола на секој детаљ за да функционираат работите.
Водолија
За Водолиите, коњункцијата на Меркур и Марс носи силен бран на мотивација што се чувствува лично и ослободувачко. На 18 јануари доаѓа момент на реализација што ги потсетува колку се вредни нивните идеи и колку долго можеби ги одложуваат.
Среќата се враќа преку самоизразување и решителна акција, без дополнително чекање или сомнеж во себе. Месечината во нивниот знак ги поврзува повторно со нивната независна природа и им ја враќа самодовербата – овој пат со полна сила.