Три хороскопски знаци кои секогаш сакаат да го имаат последниот збор во врската

Во секоја врска постои момент кога расправијата престанува да биде разговор и се претвора во натпревар кој ќе победи.

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да дозволат работите да останат недоречени – мора да објаснат, да докажат и, секако, да го имаат последниот збор. Кај нив тоа не е секогаш прашање на суета, туку потреба да сè биде јасно – барем според нивното гледиште.

Лав

Лавот не знае да се откаже. Кога ќе започне расправа, мора да се слушне неговото мислење – и тоа до последен збор. Во врската го води силно чувство за правда, но и гордоста што не му дозволува да изгледа како да попуштил. Не поднесува недоречености и затоа секогаш се грижи последната реченица да биде негова – изговорена со убедување што тешко се оспорува.

Овен

Овенот не влегува во расправии за да изгуби. Неговата страст и импулсивност го тераат да реагира веднаш, често гласно, но секогаш искрено. Кога тврди нешто, верува во тоа без двоумење. Во љубовта сака да има контрола, а последниот збор за него е начин да ја заврши ситуацијата – по можност во своја корист. Дури и кога подоцна ќе сфати дека не бил во право, ретко ќе го признае тоа.

Шкорпија

Шкорпијата не се расправа – таа анализира и победува со зборови. Во врската секогаш знае што сака да каже и како да го каже тоа за да остави впечаток. Не може да поднесе некој друг да го има последната збор, бидејќи тоа за неа значи губење контрола. Но последниот збор на Шкорпијата не е нужно најгласниот – често тоа е тивка реченица, изговорена со толкава тежина што по неа веќе нема што да се додаде.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни