Три години без Славиша Кајевски

Актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот на денешен ден во 2021-ва година.

Славиша Кајевски, еден од најголемите актери на македонската театарска сцена, остави неизбришлива трага во културниот живот на Македонија. Неговата посветеност и талент го обликуваа театарот, а неговото име останува неизбришливо запишано во историјата на нашата сцена.

Летово, Македонскиот народен театар му оддаде голема почит, именувајќи ја летната сцена по негово име. Овој гест од страна на неговиот матичен театар е потврда за неговото незаменливо влијание на македонскиот театар и неговата улога во креирањето на културниот идентитет на нашата земја. Летната сцена на МНТ сега го носи името на Славиша Кајевски, а ова е само една од многуте почести кои се оддаваат на неговото бесмртно уметничко наследство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни