Tри едноставни начини како да го исчистите телефонот од непотребни податоци

Следејќи ги овие едноставни чекори, ќе ослободите значителна количина на простор на вашиот телефон. Ова не само што ќе овозможи подобри перформанси на уредот, туку и ќе ослободи простор за чување на драгоцените спомени што ќе ја обележат оваа година

Почетокот на годината е идеален период за освежување на секојдневните рутини, вклучувајќи го и вашиот мобилен телефон. Како што чистиме станови и автомобили, така е важно да ги ослободиме телефоните од непотребни податоци и апликации што го заземаат ценетиот простор. Еве три едноставни чекори за ослободување на меморијата на телефонот.

Избришете ги непотребните апликации
Апликациите што долго време не сте ги користеле не само што заземаат простор, туку некои од нив можат да потрошат и неколку гигабајти. Прегледајте ја листата на апликации во поставките, размислете за вашите реални потреби и избришете ги апликациите што повеќе не ги користите. Ако има апликации што ги користите повремено, размислете за користење на нивните веб верзии – основната функционалност е и понатаму достапна, но без да зазема простор на уредот.

Преуредете го изгледот на екранот
Сега е вистински момент да го освежите изгледот на екранот на вашиот телефон. Со слободата да го прилагодите распоредот на иконите на Android и iOS, можете да ги оптимизирате позициите на апликациите според нивната зачестеност на користење. Поставете ги најважните апликации на лесно достапни места, а не заборавајте да користите видџети за брз пристап до клучни информации и да додадете визуелна димензија на почетниот екран.

Исчистете ја кеш меморијата
Кеш меморијата на секоја апликација често се претвора во „скриено чудовиште” што „голта“ меморија. На Android уредите, влезете во „Settings” – „Storage Space” – „Applications” и побарајте апликации што заземаат премногу меморија. Кликнете на апликацијата и изберете „Clear Cache”. Кај iPhone корисниците, податоците што се насобрале во текот на подолготрајното користење можете да ги избришете со повторна инсталација на апликациите. Апликациите како Safari и Chrome нудат опција за „Clear Cache“ директно во поставките.

Следејќи ги овие едноставни чекори, ќе ослободите значителна количина на простор на вашиот телефон. Ова не само што ќе овозможи подобри перформанси на уредот, туку и ќе ослободи простор за чување на драгоцените спомени што ќе ја обележат оваа година, советуваат од LTN.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни