Три едноставни начини да проверите дали јајцата се расипани


Особено за време на празници кога јајцата се користат во големи количини, важна е нивната свежина за да се избегне ризик од труење со храна. Иако рокот на пакувањето е корисен показател, постојат и поедноставни домашни методи со кои може да се провери дали јајцето е безбедно за консумација.

Тест со вода (пливање):
Најпознат метод е ставање на јајцето во чаша или сад со вода. Свежите јајца тонат и лежат хоризонтално на дното. Постарите се подигаат под агол, додека расипаните испливуваат на површината и треба да се фрлат.

Тест со тресење:
Со лесно протресување до уво може да се провери свежината. Ако нема звук, јајцето е свежо. Ако се слуша „плускање“, тоа значи дека е постаро и содржината е поретка.

Тест со кршење:
Најсигурен метод е кршење во посебен сад. Свежото јајце има густ бел дел и испакната жолчка. Кај старите јајца белката е водеста, а жолчката рамна.

Дополнителен знак за расипано јајце е силен непријатен мирис, најчесто на сулфур.

Извор: Lifestyle

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни