Европската комисија предложи контратарифи од 25 проценти на низа американски производи како одговор на царините на американскиот претседател Доналд Трамп на челик и алуминиум, според документ во кој Ројтерс имаше увид.
Тарифите на некои производи ќе стапат на сила на 16 мај, а други подоцна во текот на годината, на 1 декември, се наведува во документот. Мерките се однесуваат на широк асортиман производи, вклучувајќи дијаманти, конец за заби, колбаси, ореви и соја.
Високиот претставник на ЕУ за трговија, Марош Шефчовиќ, изјави порано денес дека контратарифите ќе имаат помал ефект од претходно најавените 26 милијарди евра. Бурбон, вино и млечни производи се отстранети од првичната листа што Комисијата ја разгледуваше во март.
Европската комисија определи царина од 50 проценти на бурбон, што го натера Трамп да закани со контратарифа од 200 проценти на алкохолни пијалаци, ако ЕУ продолжи со понатамошни мерки.