Тргнати дел од шаторите во Чациленд

Шатори сепак се уште има во остатокот од паркот и на улицата пред зградата на парламентот, каде што не е дозволено поминување.
Beograd 15.04.2025. Ćacilend 2.0. Podignuti šatori na platou ispred Skupštine Srbije, SNS šatori, Skupština Srbije, plato ispred Skupštine Foto: Goran Srdanov/Nova.rs

Дел од Пионирски парк, помеѓу Домот на Народното собрание и зградата на Претседателството во Белград, во кој од март има шаторска населба на поддржувачи на владата, познат и како „Чациленд“ денес бил испразнет од шатори, јавуваат српските медиуми.

Како што претходно објави агенцијата Бета, мал дел од паркот покрај улицата Кнез Милош, неколку десетици метри во внатрешноста на паркот, бил исчистен од шатори, а на граѓаните им било дозволено да поминуваат низ него.

Шатори сепак се уште има во остатокот од паркот и на улицата пред зградата на парламентот, каде што не е дозволено поминување.

Улицата пред српскиот Парламент е затворена за сообраќај од март, а градскиот превоз е пренасочен бидејќи Пионерскиот парк беше исполнет со шатори на 6 март, непосредно пред големиот протест што се одржа во Белград на 15 март.

Освен обезбедувањето – поддржувачи на владата, Чациланд е обезбедуван и од полицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни