По трагедијата во Турција преживеа само едно девојче

По вчерашното уривање на седумкатна зграда во Гебзе, Турција, спасувачите денес ги извлекоа телата на родителите Левент и Емине Билир. Од петчленото семејство преживеа само 18-годишната ќерка Дилара.
Спасувачи во Турција под урнатини на срушена зграда во Гебзе
Последици од уривањето на шесткатна зграда во населбата Гебзе во Коџаели на 29 октомври 2025 година. (Фото: АА)

Трагедија ја потресе Турција откако седумкатна станбена зграда се сруши вчера наутро во населбата Мевлана, во градот Гебзе, при што животите ги загуби речиси цело едно семејство.

Од петчленото семејство кое беше заробено под урнатините, преживеа само 18-годишната Дилара Билир, која спасувачките екипи ја извлекоа жива по осум часа непрекината работа.

Денеска, спасувачите ги пронајдоа и извлекоа телата на родителите – Левент и Емине Билир, со што операцијата за пребарување и спасување е завршена. Трагедијата се случи вчера околу 7 часот наутро, кога зградата на улицата Исикгол се урна од засега непознати причини.

Од раните утрински часови на терен беа распоредени стотици спасувачи, кои со тешка механизација и кранови ги отстрануваа бетонските блокови и остатоците од зградата. Како мерка на претпазливост, беа евакуирани 12 околни згради, а улицата беше целосно затворена за сообраќај и обезбедена со челични бариери.

Првично беа пронајдени безживотните тела на 12-годишниот Мухамет Емир и 14-годишната Хајруниса, децата на семејството Билир. Неколку часа претходно, спасувачите успеаја да ја извлечат живата Дилара, која била свесна и во стабилна состојба и веднаш пренесена во болница.

Со пронаоѓањето на телата на родителите, трагедијата го доби својот најтежок епилог — Дилара остана единствената преживеана од семејството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни