Тревога поради бура во Португалија: Едно лице загина, има повеќе повредени

Едно лице загина денес во Албуфеира, туристички град на југот на Португалија, како последица од силните ветрови што го зафатија регионот Алгарве, кој е ставен под портокалов степен на тревога поради бурата Клаудија што ја погодува земјата веќе неколку дена, соопштија португалските власти.

Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „солидарност со семејствата на жртвите по преминот на тропската бура Клаудија, која утринава ја погоди Албуфеира“.

Агенцијата за цивилна заштита претходно соопшти на социјалните мрежи дека поради силниот ветер две лица биле повредени, а едно лице се водело како исчезнато во еден камп во Албуфеира.

Според локалните медиуми, загинатото лице најверојатно е истото што првично било пријавено како исчезнато.

Цивилната заштита наведе дека во еден ресторан во приморско летувалиште во близина на Албуфеира се повредени 20 лица при делумно урушување на покривот. Не е прецизирано дали урушувањето е последица на налетот на бурата.

Неколку окрузи на југот на Португалија денес беа ставени под портокалов степен на тревога поради силните временски непогоди што ја погодуваат земјата последниве денови.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни