Хип-хоп ѕвездата Тревис Скот бил уапсен во петокот во парискиот луксузен хотел „Жорж 5ти“ поради насилство врз обезбедувањето, соопштија од париското обвинителство.
„Полицијата е утрово повикана во хотелот Жорж 5 и го привела Тревис Скот поради насилство врз член од обезбедувањето, кој интервенирал за да го раздвои раперот од неговиот телохранител, поради тепачка“ се наведува во соопштението.
Скот во четвртокот вечерта на Инстаграм објави видео на кое се гледа дека го следи кошаркарскиот натпревар помеѓу САД и Србија, а потоа и дека присуство на забава во ноќен клуб.
Тревис Скот стана познат со својот деби албум „Родео“ во 2015 година.