Трето издание на мeѓународниот фестивал СТРИП ТРИП

Главен гостин е Рајнхард Клајст (Германија) – автор на графичките биографии за Дејвид Боуви, Ник Кејв, и Џони Кеш, како и графичките новели „Боксерот“ и „Олимписки сон“.

Третото издание на мeѓународниот фестивал СТРИП ТРИП ќе се одржи од 6 до 8 јуни во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје.

Главен гостин е Рајнхард Клајст (Германија) – автор на графичките биографии за Дејвид Боуви, Ник Кејв, и Џони Кеш, како и графичките новели „Боксерот“ и „Олимписки сон“.

Меѓународни ѕвезди на фестивалот се Марко Дјешка (Хрватска), Марко Стојановиќ (Србија) и Гани Сундури (Косово).

Од македонските стрип-автори ќе ги видиме Александар Сотировски, Смиле Цветановски, Давор Драмиќанин, Наташа Андонова, Филип Алексовски, Матеј Богдановски, Симон Калајџиев, Стефан Николовски

Програма:
Три изложби
Концерт и цртање во живо со Рајнхард Клајст и триото Стојановски-Печеновиќ-Џорлев
Панели и промоции на нови стрип изданија
Цртачка „џем“ сесија со сите гости
Работилница за цртање стрипови
Проекција на „Јон Вардар против Галаксијата“ и кратките филмови на Марко Дјешка
Поткаст во живо и други интерактивни искуства и DJ сетови од Шурбе и Владодлак

Стрип берза со: Бункер, Макстрипови, Стрип Квадрат, Арс Ламина, Темплум, Флип Бук Букс, Артконект, Гаврош, Катран Комикс, Парагонс Комикс, Крипто Комикс, Жарко Миловановиќ – Жбрц

Настанот е бесплатен и отворен за сите!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни