Третото издание на Фестивалот на проза, ќе се одржи на 30 и на 31 мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
На фестивалот покрај домашните писатели, ќе има гости од Бугарија, Србија и Црна Гора. Во склоп на фестивалот се планирани работилници за најмалите, работилница за креативно пишување и две вечери дискусија за прозата.
Помеѓу учесниците се и писателите Фросина Парамакова, Петар Денчев, Хана Корнети, Бојан Кривокапиќ и Никола Николиќ.