Трето издание на фестивалот на алтернативна фотографија – Зрно во Смилево

Во периодот 17до 23-ти Јули во Смилевскиот манастир ќе се одржува третото издание на фестивалот на алтернативна фотографија – Зрно. Изложбите, проекцијата и концерот се во соработка со МакеДокс, фестивал на креативен документарен филм и НУ Смилевски Конгрес.

Во сабота на 20-ти јули, во село Смилево ќе се отвори Изложба на алтернативни фотографии „Вратнички на Улишта“ на Миша Кескеновиќ , Сежана, Словенија и изложба на алтернативни фотографии на фото клубот Ирис, Темишвар, Романија.

Протоа следи проекција на отворено на филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски, дел од програмата на патувачкото кино на МакеДокс и за крај камерен концерт на Сиот тој џез во смилевската кооперација.

Смилево уште еднаш годинава е центар на културата во земјава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни