Трета книжевна средба во кафе-книжарницата „Илика“

Третата книжевна средба во пријатната сенка пред кафе-книжарницата „Илика“, ќе се одржи на 4. јули во 19 часот. Овој пат гостите се авторите Стефан Алијевиќ и Петар Андоновски, а разговорот ќе го води поетесата Ивана Јовановска.

„Преку збирката раскази „Вечерен автобус“ на Стефан Алијевиќ и последниот роман на Петар Андоновски „Не кажувам“ ќе тргнеме во истражување на ангажираните и гласни дела во современата македонска книжевност. Трагајќи по заедничките точки во прозата на двата автора, но и воопшто по карактеристиките на бунтовната/квир и феминистичка литература и нејзиното значење на сцената„ велат од „Илика“.

По разговорот, во „Илика“ посетителите ќе имаат можност и лично да се запознаат и да поразговараат со авторите, да си ги набават нивните книги, и, секако, да ја разгледаат селекцијата на книги со сродна тематика.

Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија) дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност и англиски јазик и книжевност. Во 2020 бил финалист на конкурсот „Новите!“ за најдобар дебитантски ракопис. Тој е еден од добитниците на наградата „Штефица Цвек“ во 2023 година за регионална ангажирана книжевност. „Вечерен автобус“ е негова прва збирка раскази.

Петар Андоновски (1987, Куманово) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Тој е автор на поетската збирка „Менталeн простор“ и романите: „Очи со боја на чевли“, „Teлото во кое треба да се живее“, „Страв од варвари“, „Лето во кое те нема“, „Не кажувам“. Оваа година тој е во потесната селекција за наградата „Штефица Цвек“, а меѓу наградите и признанијата за неговите романи се вбројуваат: наградата „Роман на годината“ за „Телото во кое треба да се живее“, Eвропската награда за литература за романот „Страв од варвари“, Pen translates Award за романот „Лето во кое те нема

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни