Третата Глобална Женска Лидерска Конференција во Македонија „Јас Сум Жена“ ќе се одржи на 31 август и 1 септември, во хотел Континентал, Скопје, во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“.
Конференцијата ќе биде отворена со изложба на рачни изработки на занаетчики и ликовна изложба со портрети од панелистките.
Темите кои ќе бидат опфатени на конференцијата се поделени во четири области и тоа:
Македонки во здравство.
Македонки во спорт.
Македонки во нетипични професии.
Македонки во светот.
Во склоп на конференцијата, ќе се одржи и работилница “Едукативни Инфлуенсери” и инспиративен разговор “Успешна Македонска Приказна”.
Детална агенда на www.jassumzena.mk