По денешниот натпреварувачки денм Македонија обезбеди бронзен медал на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови во карате во Варшава, Полска.
Викоторија Јовановска (Факултет за туризам и КК Макпетрол) освои бронзен медал, а Јована Мицовска (Свети Кирил и Методиј и Макпетрол) е петта, не успеа во обидите за финале и за бронза.
Мила Панчева не успеа да оствари нова победа откако мечот со Романката Анисија Андреи заврши 0-0, па судиите го одлучија победникот.
Досегашниот биланс е две финалиња, една бронза и две петти места (Петар Заборски и Јована Мицовска).
Денешниот медал на Јовановска е вкупно трет за Македонија имајќи предвид дека утре за залтни медали ќе се борат Ангела Мојсовска (Св Кирил и Методиј) и Љупче Михајлов (Гоце Делчев).