Тресена пастрмка – радожданскиот специјалитет што морате да го пробате

Семејството Шајноски упати покана до сите читатели и следбеници на Трн.мк да го посетат нивниот семеен ресторан “Летница” кој се наоѓа на крајот од селото, пред автокампот Треска и да ги вкусат езерските специјалитети како што се белвицата, пастрмката, јагулата и крапот

На само 1500 метри од македонско-албанската граница се наоѓа прекрасното село Радожда во кое е лоциран и ресторанот Летница, кој на своите гости им пружа угостителски услуги повеќе од 35 години.

Редакцијата на Трн разговараше со Дарко Шајноски и со неговата мајка Валентина Шајноска, едни од сопствениците на фамилијарниот рибен ресторан.

Шајноски со мерак ги претставија најдобрите радождански специјалитети, како што се тресената пастрмка и јагулата.

“Најпрвин се сецка кромид, па се става сува подпечена пиперка. се става сол и се гмечи сето тоа заедно. Пастрмката ја печеме и после ја тресеме од коскисте. Икрата претходно ја варима и сите овие состојки, се соединува сето тоа и така се добива тресената пастрмка” – ни откри Валентина Шајноска, сопственичка и главна куварка во ресторан Летница.

Шајноска раскажува и за подготвувањето на струшката јагула како врвен радождански специјалитет.

“Едно три часа најмалку сака да се подготвува на тивко да си крчка, во земјена тава. Претходно ја дериме, ја чистиме, ја сечиме, ја засекуваме на парченца и во земјената тава ја обликуваме пак во облик на круг. Малце додаваме лукче, бело вино и така сите си се крчка три часа.”

Лековитите својства на јагулата кои се најизразени во месец мај, а се однесуваат на гастроентеролошки заболувања.

За јагулата можам да кажам дека е најдобра за јадење. Најповеќе содржи лековити својства во мај, а специфично за неа е што таа сака повеќе време на подготовка.

Семејството Шајноски упати покана до сите читатели и следбеници на Трн.мк да го посетат нивниот семеен ресторан “Летница” кој се наоѓа на крајот од селото, пред автокампот Треска и да ги вкусат езерските специјалитети како што се белвицата, пастрмката, јагулата и крапот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни