Треба ли сексот да трае цела ноќ или доволни се 20 минути?

Една студија од 2008 година вели дека просечниот сексуален однос трае меѓу три и седум минути, додека според некои други студии „нормално“ е сексот да трае од 33 секунди до еден час.

Сексуалната експертка Надија Бокоди се присетила како едно поранешно момче упорно ѝ тврдело дека сексот, за да биде добар, треба да трае со часови, додека според нејзините тогашни критериуми, 20 минути биле идеални. „Целоноќното водење љубов можеби беше примамливо во моите 20-ти, но откако наполнив 30 години, физичката активност која трае со часови звучеше нереално, дури и заморно“, вели Бокоди, која се фрлила во потрагата по релевантен одговор за „идеалното“и просечно времетраење на сексуалниот однос.

Таа пронашла студија на познатиот сексолог Алфред Кинси од 1948 година, која вели дека, без разлика што би сакале, повеќето мажи (дури и три четвртини од нив) постигнуваат оргазам во сексот за само две минути.

Интересно е, вели Бокоди, што истражувањата најмногу покажуваат дека на жените им треба повеќе време за да доживеат оргазам, но најчесто мажите би сакале да го продолжат времетраењето на сексуалниот однос. „Ова може делумно да се должи на влијанието на порнографијата“, вели Бокоди, бидејќи истражувањата покажуваат дека четвртина од 18-24-годишниците се потпираат на порнографијата како некоја форма на сексуално образование.

А бидејќи во порнографијата акцентот е на „маратонската“ издржливост и ерекцијата, додава таа, не е чудно што младите често се незадоволни кога сексот им е пократок од десет минути. Сепак, сексологот објасни за The Sun дека не постои нешто како „нормално“ или „идеално“ во сексот: за некои сексот не е секс ако не трае цела ноќ, додека други претпочитаат тоа да биде брзо, под туш, додека се подготвуваш за работа.

Прашањето за времетраењето на сексот неодамна беше актуелно и на TikTok, каде видео на оваа тема имаше повеќе од четири милиони прегледи – и имаше толку различни мислења колку што имаше коментари. Некои тврдеа дека за нив „сексот никогаш не трае помалку од три или четири часа“, додека други се восхитуваа на таквата подготвеност и издржливост: „По 15 минути почнувам да пишувам список со намирници“, коментираше еден корисник на TikTok на изјавата за сексот што трае цела ноќ….

Извор: Vecernji.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни