Физичките вежби може да имаат многу придобивки за вашето здравје. Кога трчате, ендорфин и серотонин се ослободуваат во нашето тело, а тие ни го подобруваат расположението. Истражувањата покажуваат дека редовното трчање со умерено темпо може да ги подобри нашето ментално здравје, па дури и меморијата и способноста за учење.
Трчањето надвор исто така има и други придобивки, како намалување на чувствата на осаменост и изолација, го намалува нивото на стрес и помага со депресијата или анксиозноста.
Постојат повеќе начини на кои трчањето ви помага со менталното здравје:
Го намалува стресот. По вашето трчање, ендоканабиноидите се ослободуваат во вашето тело, што е биохемиска супстанција слична на канабисот. Оваа природно произведена хемикалија во вашето тело го преплавува вашиот крвоток и се движи во мозокот. Ова обезбедува краткорочни чувства на намален стрес и смиреност и може да го подобри вашиот физички и ментален одговор на стресни ситуации.
Го подобрува вашето расположение. Трчањето може да ја намали анксиозноста и депресијата кај некои луѓе. Тоа нема да направи депресијата да исчезне преку ноќ, но може да ви помогне да ги контролирате симптомите. Некои студии сугерираат дека редовното трчање може да ги има истите ефекти како и лековите за ублажување на симптомите на анксиозност и депресија.
Го подобрува сонот. Според некои студии, трчањето може да ви помогне да спиете подобро. Хемикалиите кои се ослободуваат за време и по трчањето го релаксираат вашето тело и поттикнуваат длабок сон. Редовен распоред за спиење е добро за вашиот мозок и може да го подобри вашето ментално здравје. Некои студии сепак покажуваат дека трчањето пред спиење може да има спротивен ефект.
Го подобрува физичкото здравје. Трчањето само 50 минути секоја недела со умерено темпо може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Кога џогирате вие градите мускули, го подобрувате здравјето на срцето и се грижите за вашиот мозок. Сето ова може да ви помогне да се чувствувате подобро ментално.
Ја подобрува работата на мозокот. Трчањето и другите кардиоваскуларни вежби помагаат да се создадат нови мозочни клетки. Ова може да доведе до подобрување на перформансите на мозокот кај некои луѓе.
Бидејќи трчањето може да направи да се чувствувате подобро, можеби ќе сакате да трчате без паузи. Сепак, на вашето тело му треба време за одмор. Ако не дозволите вашето тело да правилно да одмори помеѓу трчањето, може да предизвикате истегнување или исчашување на нозете и стапалата. Земете слободен ден помеѓу трчањето, особено ако забележите болка.
Премногу трчање може да му наштети на вашето физичко и ментално здравје. Не сакате да го преоптоварувате вашето тело. Најдобро е да поминете најмалку една четвртина од времето кога вежбате на ниво со низок интензитет. Ако чувствувате дека вашето тело се напрега, обидете се со џогирање или брзо одење.
Извор: WebMD