Пет години видливост

Трансродовите лица порачаа – Маршираме храбро

Грѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА, по повод 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, вчера пред Владата на Република Северна Македонија организираше Марш за видливост на трансродовите лица.

фото: Ванчо Џамбаски

TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучија по шести пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

фото: Ванчо Џамбаски

„Видливоста е од суштинско значење во борбата за правата на трансродовите луѓе, особено во недоволно либерално и прилично затворено општество како македонското. Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе. Петтиот последователен Марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчени и продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на нашето општество“, велат од ТрансФормА.

фото: Ванчо Џамбаски

Тие на 29-ти март гласно ја испратија пораката „МАРШИРАМЕ ХРАБРО – 5 години видливост“ со што сакаат да ја зголемат видливоста на трансродовите луѓе, со цел да се обезбеди адекватно правно и социјално интегрирање на овие лица во едно демократско и цивилизирано општество за кое Република Северна Македонија се залага.

фото: Ванчо Џамбаски

31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица е основан од американската транссексуална активистка Рејчел Крндалд од Мишиген во 2009 година како реакција на недостатокот на ЛГБТ празници кои ги слават трансродовите луѓе, цитирајќи ја фрустрацијата дека единствен познат празник на трансродовите лица е Денот на сеќавање на убиените трансродови лица, но не ги призна и слави живите членови на трансродовата заедница. Првиот Меѓународен ден на видливост на трансродовите лица се одржа на 31 март 2009 година.

фото: Ванчо Џамбаски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни