Глобалниот натпревар Мис Универзум 2023 се одржа во саботата во Ел Салвадор, каде 84 жени се бореа за посакуваната титула. Р’Бони Габриел, која ја освои титулата Мис Универзум 2022 година ја круниса овогодинешната победничка Шинасе Паласиос – Мис Никарагва. Овогодинешниот натпревар беше најинклузивниот избор за Мис Универзум досега, со мајки, мажени жени, членови на ЛГБТQ+ заедницата и плус-сајз модел меѓу натпреварувачките.
Организаторите објавија дека мајките и мажените жени би можеле да се пријават на натпреварот во август 2022 година, додека трансродовите натпреварувачи би можеле да се пријавуваат за натпреварот уште во 2012 година.
Во продолжение можете да ги погледнете натпреварувачките кои се борат да го направат Мис Универзум поинклузивен.
Мис Гватемала Мишел Кон е првата мајка која се натпреварувала на изборот за Мис Универзум.
Кон (28) е мајка на две деца, модел, основач на бренд и претприемач. Според биографијата на Кон преку нејзниниот Инстаграм профил , таа лансираше бренд за костими за капење во 2016 година и има вработено жени кои се глуви за да промовира еднакви можности.
„Најмногу сум горда што сум првата мајка избрана да ја претставува мојата земја на Мис Универзум, кршејќи ги стереотипите и промовирајќи го зајакнувањето на жените“, пишува во нејзината биографија.
Мис Колумбија, Камила Авела, е мажена и има едно дете, што ја прави првата омажена натпреварувачка.
28-годишната Авела неодамна изјави дека се натпреварувала за титулата Мис Колумбија во 2018 година, но не успеала. Откако организаторите на Мис Универзум објавиле дека мајките и мажените жени можат да се натпреваруваат, таа решила повторно да се обиде како сопруга и мајка.
Во нејзината биографија пишува дека Авела е новинар и модел кој работи на подигање на свеста кај младите мајки обезбедувајќи им ресурси, вклучително и финансиски менаџмент и обука за ментално здравје.
Рики Валери Кол’ е првата трансродова Мис на Холандија
Во јули 2023 година, Кол’ (22) победи девет други финалистки и стана Мис на Холандија. Организацијата НОС со седиште во Холандија, објави дека Кол е втората трансродова личност која се натпреварува на изборот за Мис Универзум, после Анџела Понсе, која ја претставуваше Шпанија во 2018 година.
Во видео споделено за кампањата „Гласови за промена“, Кол – која се натпреваруваше во „Следен топ модел на Холандија“ – кажа дека се залага за еднаквост и е против булингот, со кое таа се соочувала поради нејзиниот родов идентитет.
Марина Мачет стана првата трансродова Мис Португалија
Мачет (28) е стјуардеса која победи на натпреварот за Мис Португалија за 2023 година во октомври, што ја прави првата трансродова натпреварувачка во нејзината земја што го направила тоа.
Нејзината биографија вели дека е страсна за правичност и инклузија.
„Најмногу сум горда на предизвиците што ги надминав со храброст и сила. Овие предизвици ме водат кон развивање хуманост и љубезност кон другите во мојот живот“, пишува во нејзината биографија.
Мис Непал, Џејн Дипика Гарет, влезе во историјата како прва плус-сајз натпреварувачка
Некои медиуми ја поздравија Гарет (22) како прва натпреварувачка за Мис Универзум – нешто што натпреварувачите рекоа дека е одамна задоцнето. Таа се залага за ментално и хормонално здравје откако доживеа депресија предизвикана од PCOS, според нејзиното видео од кампањата „Гласови на промени“.
„Јас сум решителна, издржлива и вистинска жена која без страв ја прифаќа својата вистинска суштина и природа“, пишува во нејзината биографија. „Моите животни искуства ме обликуваа во силна и храбра жена што сум денес“.
Во објавата на Инстаграм во ноември таа напиша: „Време е да ги прославиме различните промени во телата на жените и да ги прифатиме сите наши облици и големини“.
Ерика Робин е првата Мис – Пакистан која се натпреварува на Мис- Универзум
Робин (24) во влезе во историјата како прва мис на Пакистан. Според нејзината биографија, Робин е модел кој се бори против родовата пристрасност и нееднаквоста на работното место.
„Најгорда сум што се залагам за она во што верувам во мојот живот. Неодамна, веднаш откако бев најавена како нова носителка на титулата за Мис Универзум Пакистан, добив реакција од различни сектори на заедницата, но би сакала да застанам зад она во што верувам“, пишува во нејзината биографија.
„И покрај овие критики, јас бев подготвена да се соочам со сите предизвици пред мене додека ги промовирав моите вредности како млада модерна Пакистанка, претставувајќи ја нашата богата култура и наследство и покажувајќи му на светот дека Пакистан може да го слави успехот на жените“, се додава во нејзината биографија.
Извор: https://www.insider.com/meet-the-miss-universe-contestants-making-the-pageant-more-inclusive-2023-11