Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, на шега одговори на неговата изјава дека неговиот син Хавиер (како што претходно се викала) е „убиен“ од „воук“ вирусот.
Терминот „воук вирус“ се користи од луѓе кои сакаат да ја опишат прекумерната посветеност на прогресивните ставови за кои се залагаат демократите. Маск верува дека на Вивијан ѝ е испран мозокот токму со вакви ставови.
„Мојот син Хавиер почина. Го воук уби вирусот. Сега воук вирусот ќе умре“, напиша Маск неодамна на X.
Вилсон сега сподели скриншот од неговиот твит и се сними со звукот на TikTok: „Изгледам прилично добро за мртва кучка“, а во натписот таа изјави: „А ти не“.
Видеото досега е прегледано речиси осум милиони пати и има повеќе од милион лајкови.
За потсетување, таа неодамна даде интервју за Teen Vogue во кое зборуваше за несогласувањата кои ги има со нејзиниот татко.
„Тој е патетичен детинест човек. Зошто би се плашела од него? ‘Тој е толку моќен’. Не, не, не. Не ми е гајле. Дали треба да се плашам од него затоа што е богат?“, изјави таа.