Трансродова жена доби судски случај за дискриминација откако била блокирана на платформа наменета само за жени

Ова е прв случај во Австралија, каде што трансродово лице добива судски случај за дискриминација согласно Законот за полова дискриминација од 2013 година.

 Трансродова жена која тужеше социјална мрежа наменета само за жени поради дискриминација, ја доби пресудата со која ѝ се доделуваат 10 илјади австралиски долари плус судските трошоци, откако судот утврдил дека таа била диркетно дискриминирана.

Роксана Тикл е трансродова жена од Австралија која ја тужеше платформата „Гигл фор Грлс“ (Giggle for Girls) и директорката на компанијата, Сал Гровер, наведувајќи дека таа била исклучена од апликацијата спротивно на правилата во 2021 година, откако фирмата и Гровер рекле дека таа е маж.

При регистрирањето во апликацијата, корисниците морало да испратат селфи за да бидат верификувани како жени од KairosAI, софтвер за детекција на родот, а потоа биле проверувани и од Гровер.

Тикл била банирана од аопликацијата, неколку месеци откако таа го креирала профилот и првично можела да ја користи платформата, која беше затворена во август 2022 година.

Судијата вели дека доказите претставени пред судот не покажале дека Тикл била исклучена директно поради нејзиниот родов идентитет, иако е можно тоа да биде вистинската причина. Случајот Тикл го добила поради тоа што таа била исклучена бидејќи не изгледала доволно женествено.

Тикл барала оштета од 200 илјади австралиски долари, тврдејќи дека постојаното погрешно претставување од страна Гровер резултирало со анкциозност и суицидални мисли.

Таа вели дека оваа одлука треба да им покаже на трансродовите лица дека треба да застанат зад себе и да се борат за своите права.

„Заодоволна сум од одлуката во мојот случај и се надевам дека ќе помогне за трансродовите и родово различните луѓе. Оваа ресуда покажува дека сите жени се заштитени од дискриминација“ изјави Тикл пред судот.

„Го почнав случајот за да им покажам на транс луѓето дека треба да бидат храбри и да се борат. Сега може да продолжам со мојот живот и да имаме кафе со моите пријатели, да играм хокеј со мојот тим и да го ставам ова зад себе“ изјави Тикл.

Фото: Скриншот: A Current Affair

Промените на Законот за полова дискриминација во 2013 година во Австралија ја направија незаконска, според федералниот закон, дискриминацијата на лице врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет или интерсексуален статус.

Тоа е првпат наводната дискриминација на родовиот идентитет да биде сослушана од страна на федералниот суд на Австралија и оди во суштината на тоа како се толкува родовиот идентитет. Исходот веројатно ќе има широки импликации за машките и женските простори и активности.

Во текот на тридневното рочиште во април, судот слушна дека Тикл живеела како жена од 2017 година, имала извод од женски род и операција за потврдување на полот и  дека психолошки се чувствувала како жена“.

Адвокатката на Тикл, Џорџина Костело К.Ц, рекла дека „г-ѓа Тикл е жена“, но дека „тужените категорично го негираат тој факт“.

Тимот на Гигл и Гровер тврдеше дека случајот мора да се фокусира на биолошкиот пол.

„Полот е дискриминаторски, секогаш бил и секогаш ќе биде… биолошкиот пол мора да преовладува“, рече адвокатката Бриди Нолан.

Гровер рече пред судот дека нема да ѝ се обраќа на Тикл како „Госпоѓа“ и дека, дури и ако трансродовата жена е претставена како жена, имала операција за потврдување на полот, живеела како жена и имала женски лични документи, Гровер сепак ќе ја гледа како „биолошки маж“.

Гровер кажа дека ја креирала апликацијата, наменета како „онлајн засолниште“, откако посетувала терапија за надминување на трауми од оналјн злоставување додека живеела во САД.

Австралиската комисија за човекови права делуваше како пријател на судот. Адвокатката Зели Хегер пред судот рече дека полот повеќе не е дефиниран во Законот за полова дискриминација, но дека „важно е дека актот признава дека полот на една личност не е ограничен на маж или жена“.

Случајот беше внимателно следен од поддржувачите на правата на жените и транс лицата, при што судијата призна дека „ова никогаш нема да биде лесен случај за никого“.

Тикл доби поддршка од Grata Fund, додека кампањата на апликацијата за собирање на средства за судењето собра повеќе од половина милион долари.

Извор: Гардијан

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни