Босна и Херцеговина според Индексот на перцепција на корупцијата (CPI) заедно со Белорусија е втора на листата на најкорумпирани земји во Европа, соопшти Transparency International.
„Додека земјите на Западен Балкан оствариле едвај забележлив напредок во просечниот CPI резултат во 2024 година (43,3) во споредба со 2012 година (42,3), БиХ претставува најизразен исклучок од овој тренд“, се вели во соопштението на Transparency International.
Од БиХ и Белорусија, во Европа е според CPI само Русија е по корумпирана.
БиХ минатата година забележала пад од девет поени во CPI во споредба со 2012 година и со 33 поени се наоѓа на 114 место од 180 земји. Најдобро пласирана е Данска со 90 поени, а најлошо Јужен Судан со осум поени.
„Со резултат од CPI од 33 во 2024 година, БиХ бележи пад од дури девет поени од 2012 година и се наоѓа на 114 место од 180 земји во светот, што е најлош резултат од кога се мери овој Индекс“, се додава во соопштението на Transparency International.
БиХ има ваков резултат затоа што делува како држава во која постои привид на демократија во која е нарушен интегритетот на изборниот процес, се вели во соопштението, додавајќи дека партиите во БиХ „се сè поотворени во користењето на пракси на нетранспарентно финансирање на кампањи и манипулираат со правилата на изборниот процес преку купување гласови, заплашување и злоупотреба на јавни ресурси“.
„Правосудството во БиХ е изложено на политички притисок, поради што најчесто не е во можност да процесуира и санкционира јавни функционери кои го злоупотребуваат својот положба“, додаваат од Transparency International.
Дополнително, се додава, „спремноста на политичките елити да ги замилкнат организациите на граѓанското општество преку законодавни мерки кои криминализираат клевета, вршат притисок на граѓанското општество и санкционираат секој кој изнесува каква било форма на критика кон властите, придонесува за сликата дека комбинацијата на корупција и репресија е основен начин на опстанок на власт“.
Во регионот и други земји минатата година забележале полоши резултати во борбата против корупцијата – Србија (-4), Северна Македонија (-3) и Словенија (-1) – но, според Transparency, „ниту една друга земја не бележи толку драстичен и континуиран пад како БиХ“.
Напредок постигнале Косово (+10), Албанија (+9), Црна Гора (+5) и Хрватска (+1).