Трамп: Зголемување на царините за Кина, пауза за царините за останатите

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги суспендира царините за сите земји освен за Кина, на период од 90 дена.

За Кина, Трамп ја зголеми царината од 104% на 125%, откако Кина одговори со нова царина од 84% на американските производи.

„Поради недостатокот на почит од страна на Кина кон глобалните пазари, ја зголемувам царината на 125%, што стапува на сила веднаш. Се надевам дека Кина ќе сфати дека деновите на експлоатација на САД и другите земји се завршени и дека ова веќе не е одржливо“, изјави Трамп. Тој исто така додаде дека, во одговор на поканите од повеќе од 75 земји за преговори, одобрил 90-дневна пауза со значително пониска реципрочна царина од 10%.

Прес секретарката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека зголемувањето на царините за Кина е резултат на „непромислената одлука на Пекинг да возврати“. Таа исто така потврди дека САД ќе продолжат со преговори, а царините ќе бидат сведени на универзални 10% додека траат разговорите.

По објавата на Трамп, Волстрит забележа значителен раст. Индексот S&P 500 се зголеми за 5,6%, додека Nasdaq порасна над 8%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни