Трамп воведува повисоки цени за странци во националните паркови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која се наложува зголемување на цените за влез во националните паркови што ги плаќаат посетителите од странство.

Според соопштението на Белата куќа, средствата што ќе се соберат преку овие повисоки надоместоци ќе се искористат за проекти за заштита и одржување на националните паркови, со цел подобрување на нивната инфраструктура и зачувување на природното и културното наследство.

Приоритет за Американци

Уредбата го задолжува Министерството за внатрешни работи, под чија надлежност е Службата за национални паркови, да воведе нови ценовници, но не прецизира колку ќе поскапат билетите ниту кога ќе стапат на сила. Воедно, се предвидува американските граѓани да добијат приоритет при резервации и добивање дозволи за посета, во однос на странските туристи.

Иронично, според Белата куќа, токму американските граѓани моментално плаќаат повеќе од странците за да ги посетат националните паркови – бидејќи нивните влезници, заедно со даноците, ги покриваат најголем дел од трошоците за одржување на овие простори.

Буџетот за парковите се кратки

Уредбата доаѓа во време кога администрацијата на Трамп предложи кратење на буџетот на Службата за национални паркови за над една милијарда долари во фискалната 2026 година – што би значело намалување од повеќе од една третина во однос на претходната година. Дополнително, напорите за намалување на бројот на вработени на федерално ниво веќе доведоа до недостиг од кадар во националните паркови низ целата земја, што дополнително го отежнува нивното функционирање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни