Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во американско-израелските напади досега биле убиени 48 ирански лидери и високи цивилни и воени функционери.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме – 48 лидери исчезнаа со еден удар. И сè се движи брзо“, изјави Трамп во интервју за Fox News.
САД и Израел вчера започнаа координирани напади врз Иран, при што беше потврдено дека загинале иранскиот врховен лидер Али Хомнеи, поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад, како и повеќе челници на Револуционерната гарда и цивилни функционери.
„Ако Иран нападне, ќе возвратиме со невидена сила“
Трамп денеска повторно го предупреди Иран да не изведува нови напади, заканувајќи се со „сила каква што никогаш не била видена“.
„Иран токму најави дека денес ќе удри многу силно, посилно од кога било. Подобро е да не го направат тоа, затоа што ако го направат, ќе ги погодиме со сила што никогаш не е видена“, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Американскиот претседател претходно изјави дека смртта на Хамнеи „не е само правда за иранскиот народ, туку и за сите големи Американци и луѓе од многу земји ширум светот кои Хамнеи и неговата банда крвожедни насилници ги убиле или осакатиле“.
Според Трамп, ова е „најголемата шанса иранскиот народ да си ја врати својата земја“.