Трамп вети исплата од 2.000 долари од царински приходи за повеќето Американци

Претседателот Доналд Трамп најави дека речиси сите Американци ќе добијат по 2.000 долари од царинските приходи на администрацијата.

Претседателот Доналд Трамп денес најави дека речиси сите Американци ќе добијат по 2.000 долари од царинските приходи кои ги собра неговата администрација.

„Дивиденда од најмалку 2.000 долари по лице (без вклучување на луѓе со високи приходи) ќе биде исплатена на сите“, напиша тој на својата платформа Truth Social.

Трамп исто така додаде дека луѓето кои се против царините се „глупаци“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни