Трамп: Тешко е да се победи во војна без да се нападне земјата на агресорот

Претседателот на САД, Доналд Трамп на платформата „Трут соушл“ (Truth Social) денеска објави дека е „многу тешко, ако не и невозможно, да се победи во војна без да се нападне земјата на агресорот … Исто е со Украина и Русија“.

Тој во објавата го обвинува поранешниот американски претседател Џо Бајден дека не и дозволил на Украина да и возврати на Русија туку само да се брани.

Трамп тврди дека ако тој бил претседател „никогаш немало да има војна“ помеѓу Русија и Украина.

На неодамнешната средба на Алјаска помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не беше договорено прекин на борбите. Но, Трамп изјави дека сè уште верува во мировен договор, но ако Украина се согласи на територијални отстапки, што Киев одби. Потоа во Вашингтон уследи средба на Трамп со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, лидерите на Европска Унија и генералниот секретар на НАТО. Трамп на средбата вети дека Украина ќе добие безбедносни гаранции во идниот мировен договор, како и нов пакет американска воена помош во висина од околу 104 милијарди долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни