Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека Иранците сакаат да разговараат со него и додаде дека ќе го направи тоа, но не прецизираше точно кога.
„Иранците сакаат да разговараат со мене и се согласив да разговарам со нив. Требаше да го направат тоа порано. Презадолго чекаа“, рече Трамп за американскиот Atlantic.
На прашањето кога ќе се одржат тие разговори, американскиот претседател рече дека сè уште не знае и додаде дека некои од Иранците кои учествувале во преговорите во последните недели – се мртви.
Што се однесува до продолжувањето на операцијата за поддршка на потенцијален народен бунт во Иран, Трамп рече дека прво треба да ја согледа ситуацијата и да донесе одлука.
Израел и САД извршија напади на Иран во саботата рано наутро. Иран возврати со ракетни напади кон неколку земји во регионот, пред сè каде што има американско присуство.