„Она што го кажува е ирелевантно. Тој е добар човек, ми се допаѓа, но неговата изјава нема тежина“, рече Трамп.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември.
Неговата одлука да ја признае државата Палестина предизвика мешани реакции во Франција и низ целиот свет.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ја осуди одлуката на Макрон, нагласувајќи дека таа „поттикнува терор“.
„Најостро ја осудуваме одлуката на претседателот Макрон да признае палестинска држава веднаш до Тел Авив, по масакрот на 7 октомври. Таквата одлука го наградува теророт и ризикува создавање уште еден ирански посредник, исто како што беше случајот со Газа“, рече Нетанјаху.
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ја поздрави денешната одлука како „победа за палестинската кауза“.
„Ова ја одразува посветеноста на Франција на поддршката на палестинскиот народ и нивните легитимни права на својата земја и татковина“, рече Абас.