Трамп вели дека Иран го погодил училиштето каде загинаа над 160 лица

„Според мое мислење, врз основа на она што го видов, Иран го стори тоа“, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Техеран за нападот врз училиште за девојчиња во јужен Иран, во кој загинаа повеќе од 160 лица.

Според анализа на „Њујорк тајмс“ , училиштето во Минаб било бомбардирано за време на американските напади врз блискиот воен објект управуван од Револуционерната гарда. Досега, меѓународните медиуми не пронајдоа докази дека училиштето било користено за воени цели.Хегсет: Истражуваме што се случило.

Трамп им рече на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ дека САД не се одговорни за нападот.

„Според мое мислење, врз основа на она што го видов, Иран го стори тоа. Тие се, како што знаете, многу непрецизни со својата муниција. Иран го стори тоа“, рече Трамп. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој патуваше со Трамп, потврди дека САД го истражуваат нападот.

„Њујорк тајмс“ анализираше сателитски снимки, објави на социјалните мрежи и потврдени видеа кои укажуваат дека училиштето било погодено во исто време со американските напади врз соседната поморска база.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни