Трамп: Вечерва ќе умре една цела цивилизација

„Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“ напиша Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп излезе со нова објава на својата социјална мрежа Truth Social и упати закана до Иран.

„Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, во која ќе преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно добро – КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот.“

„47 години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран!“, објави Трамп.

Ултиматумот на Трамп до Иран истекува вечерва

Трамп вчера повторно го помести рокот за Иран да постигне договор или да го отвори Ормутскиот теснец, овој пат од понеделник на денес. Во најновото од низата одложувања, тој се закани дека ако нема договор, „Иран ќе го чека пекол“.

Пристапот на Трамп во последните недели беше обележан со осцилации помеѓу жестоки закани, најавени одложувања и изјави за добар напредок во преговорите, понекогаш во рамките на истото обраќање. Иранската државна новинска агенција ИРНА во понеделник објави дека Техеран го отфрлил најновиот предлог за прекин на огнот, по што Трамп издаде злокобно предупредување, велејќи дека рокот во вторник во 20 часот е конечен.

„Тие нема да имаат мостови. Нема да имаат електрани. Нема да имаат ништо“, рече Трамп. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги предупреди САД дека нападите врз цивилната инфраструктура се забранети со меѓународното право, но Трамп им рече на новинарите дека „воопшто не е загрижен“ за можноста за извршување воени злосторства со такви напади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни