Трамп тврди дека Путин „сака договор“, Кремљ рече дека нема да заклучи однапред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за радио „Фокс њуз“ дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „сака договор“ на утрешниот самит во Алјаска. Сепак, Кремљ штотуку објави дека нема планови за потпишување документи на тој состанок, објавува „Гардијан“.

На прашањето дали неговите закани за санкции влијаеле врз одлуката на Путин да се согласи на состанокот, Трамп рече: „Сè има влијание“, истакнувајќи дека секундарните тарифи против Индија „практично ги запреле“ нејзините купувања на руска нафта.

„Кога ќе го изгубите вашиот втор најголем клиент, а веројатно ќе го изгубите, мислам дека тоа игра улога“, рече Трамп.

На прашањето за можните економски стимулации за Русија да ја запре војната во Украина, тој одби да открие детали, наведувајќи дека не сака „јавно да игра со отворени карти“. Тој додаде дека Русија има „огромен потенцијал“ во нафтената и гасната индустрија, но дека неговата примарна цел е да постигне напредок во разговорите со Путин, по што веднаш ќе контактира со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери.

Трамп рече дека разгледува три локации за можна средба со Зеленски, вклучувајќи ја и можноста да остане во Алјаска.

„Ако средбата е лоша, нема да се јавам кај никого. Ќе си одам дома. Ако е добра, ќе се јавам кај Зеленски и кај европските лидери“, рече тој.

Кога беше прашан за извештаите дека можеби ќе одржи заедничка прес-конференција со Путин, тој одговори:

„Ќе одржам прес-конференција. Не знам дали ќе биде заедничка. Дури и не разговаравме за тоа. Мислам дека би било убаво да имаме заедничка, а потоа и посебни.“

Во исто време, Кремљ преку агенцијата Интерфакс соопшти дека нема планови за потпишување на никакви документи на самитот и предупреди дека би било „голема грешка“ однапред да се предвиди исходот од разговорите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни