Трамп: Спречив Трета светска војна – Иран ќе го уништеше Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека спречил нуклеарен конфликт, предупредувајќи дека Иран би го дестабилизирал целиот Блиски Исток.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација спречила нуклеарен конфликт и Трета светска војна, говорејќи од Овалната соба во Белата куќа.

Трамп нагласи дека не сака војна, но го опиша Иран како сериозна закана. „Не сакам војна, но тие се насилни и опасни луѓе. Ако имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа“, изјави тој.

Според него, дозволата Иран да развие нуклеарно оружје би имала катастрофални последици за регионот. „Ќе го кренеа во воздух целиот Блиски Исток, не само Израел“, рече Трамп.

Тој тврди дека токму неговите одлуки ја спречиле ескалацијата во глобален конфликт. „Да не делувавме против Иран, ќе дојдеше до нуклеарна војна. Тоа ќе беше Трета светска војна“, изјави американскиот претседател, додавајќи дека е „многу горд“ на потезите на својата администрација.

Трамп исто така ја бранеше одлуката за напуштање на нуклеарниот договор со Иран, постигнат за време на поранешниот претседател Барак Обама, тврдејќи дека тоа било клучно за безбедноста на Израел.

Во однос на меѓународните односи, тој изрази незадоволство од дел од сојузниците, особено во рамки на НАТО, оценувајќи дека САД вложиле огромни средства за нивна заштита без доволна поддршка за возврат.

Поддршка за Трамп даде и потпретседателот Џеј Ди Венс, кој истакна дека администрацијата се справува со клучни глобални закани и дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје.

Трамп на крајот порача дека конфликтот наскоро би можел да заврши, без да даде конкретен временски рок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни