Трамп со лажни фотографии сака да претстави дека има поддршка од Тејлор Свифт

Доналд Трамп се обидува да манипулира и да имплицира дека ја има поддршката од Тејлор Свифт, објавувајќи лажни фотографии на социјалните мрежи од пејачката и нејзините фанови како го поддржуваат.

Кандидатот за претседател на Републиканската партија објави порака „Прифаќам“ покрај фотографиите, кои се преземени од други профили на социјалните мрежи и креирани со користење на вештачка интелигенција. Ваквата објава веднаш беше осудена од фановите на пејачката, кои го обвинија Трамп дека шири дезинформации.

Пејачката се уште нема поддржано кандидат за претстојните претседателски избори, но го поддржа Бајден во 2020 година и е гласен противник на Доналд Трамп.

На една од споделените фотографии од Трамп се гледаат фановите на Свифт како носат маички „Свифтис за Трамп“.

Како што претходно објавивме, Свифт е редовен критичар на Доналд Трамп, а се уште нема поддржано ниту еден кандидат за претстојните избори, со цел нејзината поддршка за Камала Харис да има поголемо влијание за изборите во ноември.

Политичката моќ на Тејлор Свифт станува се повидлива, а според анкетите дури 22 отсто од гласачите на Бајден во 2020 година рекле дека би гласале за Републиканец, доколку тој добие поддршка од Тејлор Свифт. Нејзиното влијание се чини дека расте и меѓу поддржувачите на Трамп, иако помалку отколку кај оние кои го поддржуваа Бајден. Во јануари, 13 отсто од гласачите на Трамп во 2020 рекле дека е поголема веројатноста да гласаат за демократски кандидат поддржан од Свифт. Тој број во мај се искачи на 16 отсто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни