Американскиот претседател Доналд Трамп слета во Давос, каде што е предвидено да одржи говор околу 15 часот.
Но, се чини дека неговиот престој и говор во Давос ќе бидат обележани и со еден вид бојкот на лидерите на ЕУ.
Имено, според светските медиуми, шефицата на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, и францускиот претседател, Емануел Макрон, го напуштаат Давос пред говорот на Трамп.
Зеленски останува во Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал да остане во земјата и да се справи со сериозниот недостиг на електрична енергија доколку не се постигне договор за долгоочекуваниот План за просперитет од 800 милијарди долари меѓу САД, Европа и Украина. Само во Киев, повеќе од еден милион луѓе останаа без електрична енергија по последните руски воздушни напади, рече Зеленски во своето вечерно обраќање во вторник, објави „Фајненшл тајмс“.
