Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран влегува во критична фаза, откако американскиот претседател Доналд Трамп упати една од најострите закани досега, предупредувајќи дека „цела цивилизација може да исчезне“.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп најави можни драматични настани доколку не се постигне договор со Техеран, оставајќи отворени сценарија од нови напади до целосна ескалација на конфликтот.
Аналитичарите предупредуваат дека ваквата реторика не е случајна. Нуклеарниот експерт Тончи Тадиќ смета дека Трамп користи агресивен говор за политички притисок, но дека реална ескалација би имала сериозни последици, не само за Иран, туку и за глобалната економија и стабилност.
Според него, дури и масовно уништување на инфраструктурата во Иран не би довело до главната цел – отворање на Хормушки теснец, кој е клучен за светската енергетска снабденост.
Потезите на Трамп се непредвидливи и дека во секој момент може да следи нова одлука, од продолжување на роковите до директен воен удар или, пак, целосен пресврт кон преговори велат аналитичарите.
„Овој април може суштински да го промени светот во кој живееме – и на подобро и на полошо“, предупредуваат познавачите, додавајќи дека исходот може да варира од мировен договор до опасна глобална ескалација.
Воениот аналитичар Маринко Огорец истакнува дека реториката за „крај на цивилизацијата“ е крајно загрижувачка, особено ако дојде од лидер на најмоќната држава во светот. Тој предупредува дека евентуална употреба на нуклеарно оружје би значела „армегедон“, иако смета дека тоа е малку веројатно сценарио.
Во меѓувреме, конфликтот веќе има сериозни последици врз глобалната економија, енергетските пазари и безбедносната состојба на Блискиот Исток.
Заклучокот на аналитичарите е јасен: светот се наоѓа во момент на висока неизвесност, а следните денови – особено одлуките на Вашингтон и Техеран, може да ја одредат иднината на глобалниот поредок.