Претседателот на САД, Доналд Трамп повтори дека сака да го припои Гренланд на САД, тврдејќи дека тоа е многу важно за меѓународната безбедност, додека потпретседателот Џ.Д. Ванс ја обвини Данска затоа што не инвестирала во безбедноста на островот и изјави дека на Гренланд би му било многу подобро под „безбедносниот чадор“ на САД.
„Ни треба Гренланд“, рече Трамп.
„Многу е важно, за меѓународната безбедност и мора да го имаме Гренланд. Не е прашање, вие мислите дека можеме без него. Не можеме“ изјави Трамп во Белата куќа.
Тој рече дека кинеските и руските бродови се на критични поморски патишта околу Гренланд, тврдејќи дека не може да и се верува на Данска за управување.
Трамп изјави дека американската контрола врз Гренланд е клучна за меѓународната безбедност. „Не зборуваме за мир за Соединетите држави. Зборуваме за мир во светот.“
Данска и Европската унија разбираат зошто Гренланд е важен за мирот во светот „а ако не разбираат, ќе мора да им објасниме“, додаде Трамп.
Трамп ги даде овие изјави додека американскиот потпретседател Џ.Д. Ванс и неговата сопруга Уша беа во посета на американската воена база на Гренланд.
Потпретседателот Ванс ја критикуваше Данска, велејќи дека „премалку инвестирала“ во луѓето и безбедноста на Гренланд за време на контроверзната посета на овој арктички остров во петок.
„Нашата порака до Данска е многу едноставна: не сте направиле добар работа за жителите на Гренланд“, рече Ванс во американската воена база на главно автономниот дански териториум.
„Недоволно сте вложиле во народот на Гренланд и премалку сте вложиле во безбедносната архитектура на ова неверојатно, прекрасно парче земја полно со неверојатни луѓе“, продолжи.
Тој тврдеше дека Гренланд сега е помалку безбеден отколку што бил пред неколку децении и дека би му било многу подобро под заштита на Соединетите држави отколку под водство на Данска.
Ванс изјави дека САД во моментов немаат планови да ја прошируваат американската воена присутност на Гренланд, но ќе вложат во ресурси.
„Данска не чекала и не инвестирала потребни ресурси за да ја задржи оваа база, да ги задржи нашите војници и, според моето мислење, да ги заштити луѓето на Гренланд од многу агресивни упади од Русија, Кина и други нации“, рече Ванс.
Ванс даде изјава за време на посетата на американската воена база во Питуфик на северот на арктичкиот остров, само неколку часа по тоа што во главниот град Нуук беше претставена нова широкa владината коалиција која засега има намера да ги задржи врските со Данска.
Новиот премиер на Гренланд рече дека американската посета покажува „недостаток на почит“ и повика на единство под „надворешен притисок“.
Данскиот крал објави изјава на поддршка преку социјалните мрежи. „Живееме во изменета реалност. Не треба да има сомнеж дека мојата љубов кон Гренланд и мојата врска со народот на Гренланд се неповредени“, рече кралот Фредерик.