Трамп се вмеша во приватниот живот на Макрон: „Сопругата му се однесува лошо“

Доналд Трамп повторно ги помести границите на политичката комуникација , војпат со коментари за приватниот живот на Емануел Макрон.

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нов бран реакции, откако јавно коментираше за односот меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон.

Трамп алудираше на видео од мај 2025 година, снимено во претседателски авион, каде камерите забележаа кратка, нејасна интеракција меѓу двојката пред официјална посета на Виетнам.

Во тоа време, Макрон ги отфрли шпекулациите за расправија, објаснувајќи дека станува збор за вообичаена шега меѓу нив.

Но новата интерпретација од Трамп ја врати приказната во фокус и ја претвори во политички момент.

Францускиот претседател реагираше директно и без дипломатски филтер.

„Трамп зборува премногу… неговите изјави не се ниту елегантни, ниту пак се на ниво“, изјави Макрон.

Овие коментари не доаѓаат изолирано. Тие се дел од поширокото незадоволство на Трамп кон европските сојузници во НАТО, особено поради нивната воздржаност во однос на воените случувања поврзани со Иран.

„Ги поканив, иако не ни беа потребни, но сепак прашав“, рече Трамп на приватен состанок, во видео кое накратко беше објавено, а потоа повлечено.

Во Франција, реакциите беа брзи – и не само од власта.

Претседателката на Националното собрание, Јаел Браун-Пивет, оцени дека ваквиот тон е недостоен за моментот.

„Во време кога се решава иднината на светот, кога луѓе гинат, имаме претседател кој се потсмева“, изјави таа.

Интересно, поддршка за Макрон пристигна и од неговите политички противници.

Лидерот на „Неподредена Франција“, Мануел Бомпар, порача дека ваквиот начин на обраќање е „апсолутно неприфатлив“, без оглед на политичките разлики.

Овој случај уште еднаш покажува колку тенка станува линијата меѓу личното и политичкото, и колку брзо приватна снимка може да прерасне во дипломатски конфликт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни