Трамп „се вкисели“: Говорот на телото го издаде во моментот кога беше исвиркан на фудбалски натпревар

На социјалните мрежи кружи видео од неделниот натпревар во Вашингтон меѓу „Вашингтон комендерс“ и „Детроит лајонс“, на кое претседателот Доналд Трамп добива силни свирежи, гестикулации со спуштени палци и дури средни прсти од публиката.

За време на полувремето, Трамп читаше заклетва во чест на свеченото примање нови воени регрути, но според извештаите на HuffPost, свирежите речиси го „потиснале“ неговиот глас.

Иако е можно тој звук да не бил толку гласен во неговата ложа, експертите за говор на телото велат дека реакцијата на Трамп открива дека сепак бил погоден од непријатниот момент.

„Кривата насмевка“ – знак на презир

Експертот за говор на телото Трејси Браун истакна дека Трамп покажува израз на презир кога му се искривува устата, особено во моментите кога ги изговара зборовите „претседател на САД“. „Таквиот израз ја покажува моралната надмоќ – тој можеби чувствувал дека свирежите се под негово ниво,“ вели Браун.

„Замрзнато“ држење на телото

Според експертот Пети Вуд, авторка на книгата Snap: Making the Most of First Impressions, Body Language, and Charisma, Трамп за време на церемонијата има „многу вкочанета“ телесна поза – со рацете блиску до телото. Ова, според неа, е дел од таканаречената „freeze reaction“ – реакција на телото кое, под стрес, се обидува да се направи помало за да избегне напад.

Дури и неговиот поздравен бран бил невообичаено крути, со исправена рака и рамна дланка – што симболично изгледа како „туркање“ на светот подалеку од себе, објаснува Вуд.

Потиснат гнев зад „вкиселената“ насмевка

Во неколку моменти на видеото, Трамп ги стега усните и гледа кон публиката со остар поглед. Тоа, според Вуд, укажува на „потиснат силен гнев“. Понатаму, неговата горна усна неколкупати исчезнува навнатре во устата – уште еден знак на „внатрешна воздржаност“ и „киселина“, како што вели таа.

Кон крајот на церемонијата, наместо да покаже отвореност со насмевка и поздрав, Трамп стои со стегнати заби, склопени раце и остар поглед – слика на човек кој е свесен дека е исвиркан и вознемирен од тоа.

„Ако некој тврди дека не му било гајле – греши. Секако дека го погоди,“ заклучува Вуд.

Извор: Huffpost

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни