Трамп сака дебата со вклучени микрофони, но од неговиот тим настојуваат тие да се исклучени кога зборува другиот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги поткопа напорите на неговата кампања за да се задржат истите правила за дебатата против демократската кандидатка, Камала Харис, односно микрофонот на кандидатот кој не зборува да биде исклучен.

Тимот на Трамп бара микрофоните на учесниците во дебатата да бидат исклучени, освен на тој кандидат кој во моментот зборува, како што беше случајот за време на првата дебата со претседателот Џо Бајден оваа година.

Но, Трамп на социјалните мрежи, освен што ги критикуваше медиумите и се жалеше за новинарите, рече дека би преферирал доколку микрофоните останат вклучени.

„Се договоривме на истите правила, не знам, сеедно ми е, веројатно би сакал да бидат вклучени, но договорот беше дека ќе биде исто како за претходната дебата“ рече Трамп запрашан за тоа дали сака микрофоните да бидат исклучени за време на дебатата, кога другиот кандидат зборува.

Тој исто така започнува да изразува и сомнежи дали воопшто ќе се појави на дебатата.

„Кога гледам како е непријателска атмосферата си велам зошто да одам. Ајде да одиме со друга телевизија“ рече Трамп.

Од кампањата на Харис побарале од Еј-Би-Си и другите телевизии кои сакаат да бидат домаќини на дебати во октомври микрофоните да бидат вклучени, што би било промена во однос на јунската дебата, кога кампањата на Бајен побара микрофоните да бидат исклучени, освен за кандидатот кој во моментот зборува.

Портпаролот на Харис рече дека прашањето за микрофоните е разрешено, по коментарите на Трамп.

„На Трамп не му е гајле, е му влијае дали микрофоните се вклучени или не, и искрено тој би сакал да се вклучени. Па мислам дека прашањето е решено“ изјави Мајкл Тајлер од кампњата на Харис.

„Освен ако Доналд Трамп не дозволи неговиот тим да го надгласа, ќе имаме дебата помеѓу двајца кандидати со вклучени микрофони, каде што и двајцата ќе може да ги изложат своите визии за тоа каде сакаат да ја водат државата“ додаде Тајлер.

Од кампањта на Трамп се побунија и рекоа дека кога се согласиле за дебата на Еј-Би-Си со Харис, договорот бил тоа да биде по истите правила како и претходните дебати.

„Доста е со игрите. Ја прифативме дебатата на Еј-Би-Си под исите услови како дебатата на Си-Ен-Ен“ изјави Џејсон Милер од кампањата на Трамп.

„Од тимот на Харис, откако се согласија на правилата од Си-Ен-Ен, побараа седечка дебата, со белешки и изјави. Очигледно гледаат нешто што не сакаат да го гледаат“ изјави тој.

Од кампањата на Харис ги отфрлија тврдењата на Милер дека барале кандидатите да седат и да имаат пристап до белешки.

Дебатата на Еј-Би-Си беше договорена овој месец, иако Трамп постојано бара менувања на условите и повикува на дебата пред полна арена публика со модератори од Фокс Њуз.

Извор: Си-Ен-Ен

Најново

Последни колумни