Трамп: САД добиле над 80 милиони барели нафта од Венецуела – што стои зад тоа?

Американскиот претседател изјави на годишниот говор за состојбата на нацијата дека САД добиле повеќе од 80 милиони барели нафта од Венецуела, која ја опиша како “нов пријател и партнер”.

Американскиот претседател Доналед Транп во својот говор за состојбата на нацијата (State of the Union) изјави дека САД примиле повеќе од 80 милиони барели нафта од “новиот пријател и партнер, Венецуела” – покажувајќи нафтена испорака што ја поврза со проширување на соработката по укинувањето на ограничувањата и политичките турбуленции во таа латиноамериканска земја.

Според неговите зборови, ова значително надминува почетните процени на администрацијата, поради што тој ја истакна како еден од успесите во енергетскиот сектор, заедно со порастот на домашното производство на нафта и природен гас.

Контекст: Воени акции и промена на власт

Трамп спомена дека оваа нафта доаѓа по операцијата на САД во почетокот на годинава, кога американските сили го уапсија поранешниот венецуелски лидер Николас Мадуро во Caracas и го изведоа во Њујорк на обвиненија поврзани со трговија со дрога.

Откако сегашните привремени власти, предводени од Дејзи Родригез ја презедоа власта, Вашингтон ги олесни санкциите врз венецуелскиот нафтен сектор со цел да се зголеми продукцијата и да се овозможи проток на суровина за американски и други пазари.

Што значи ова

Изјавата на Трамп дека САД добиле над 80 милиони барели нафта од Венецуела најверојатно ги опфаќа испораките што се случиле како резултат на политика на олеснување на санкциите и поттикнување на нафтени компании да работат во Венецуела. Овие испораки и соработката со привремените власти во Каракас се дел од пошироката стратегија на администрацијата за обновување на енергетските односи и зголемување на достапноста на нафта за американскиот пазар.

Сепак, ова останува контроверзно, со оглед на тоа што претходно беше најавено дека Владата на САД ќе добива 30 до 50 милиони барели нафта според официјални соопштенија од јануари, што е помало од изјавените 80 милиони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни