Трамп размислува за рекатегоризација на марихуаната како помалку опасна дрога

Рекатегоризацијата на марихуаната беше и едно од ветувањата на Трамп во кампањата на последните избори

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја разгледува можноста за рекатегоризација на марихуаната во помалку опасна дрога, објави весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на доброупатени извори.

Според весникот, Трамп им рекол на присутните на собирање средства во неговиот голф клуб во Њу Џерси, каде што вечерата чинела милион долари по лице, дека е „заинтересиран“ за промената.

Меѓу гостите била и Ким Риверс, извршен директор на „Трулив“, една од најголемите американски компании за канабис, која го повикала Трамп да ја направи промената и да дозволи повеќе истражувања за нејзината медицинска употреба, објави „Волстрит Џурнал“

Инаку, американски медиуми потсетуваат дека рекатегоризацијата на марихуана било и едно од мноштвото ветувања на Трамп во кампањата на последните избори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни